[ MK | EN ]

За Нас

СЕРВИС | ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

Експекта Медикал дооел е приватна компанија оформена во 2013 година, но со искусен тим кој работи заедно повеќе од 15 години со продажба, инсталација и сервис на медицинската апаратура и опрема. 

Експекта Медикал дооел е авторизиран партнер на SIEMENS HEALTHCARE и Konica Minolta Healthcare, кои важат за врвни компании во областа на медицинската апаратура.

Високо стручниот и обучен тим на нашата компанија во секое време може да ви овозможи стручен совет и техничка подршка. Големиот број на сертификати добиени со континуирана едукација, продадената и инсталирана апаратура говори за професионалноста и стручноста на вработените во Експекта Медикал дооел.  

Нашата цел е да бидеме партнери на секоја врвна медицинска установа во областа на радиологијата, застапувајќи ја најсофистицираната радиодијагностичка опрема од најпознатиот бренд за производство на медицинска опрема SIEMENS HEALTHCARE. Се трудиме сите наши корисници да бидат задоволни од нашите услуги. Долгогогодишната соработка со светски реномираните брендови е доказ за нашиот успех и стручност.

Експекта Медикал дооел има политика за континуирано подобрување на квалитетот на услугите со цел зголемување на задоволството и довербата кај своите клиенти. 

Експекта Медикал дооел со својата тимска работа ја остварува заедничката визија и го гради својот препознатлив имиџ.
 
Професионално, стручно, брзо, одговорно.
Тоа сме ние, ЕКСПЕКТА МЕДИКАЛ дооел.