Добредојдовте!
Експекта Медикал дооел Скопје е приватна компанија оформена во 2013 година, но со искусен тим кој работи заедно повеќе од 15 години со продажба, инсталација и сервис на медицинска апаратура и опрема.
Експекта Медикал дооел е авторизиран партнер на SIEMENS HEALTHINEERS и IMAGE Information Systems, кои важат за врвни компании од областа на медицинската апаратура.
Високо стручниот и обучен тим на нашата компанија во секое време може да ви овозможи стручен совет и техничка подршка. Големиот број на сертификати добиени со континуирана едукација, продадената и инсталирана апаратура говори за професионалноста и стручноста на вработените во Експекта Медикал дооел.
Нашата цел е да бидеме партнери на секоја врвна медицинска установа во областа на радиологијата, застапувајќи ја најсофистицираната радиодијагностичка опрема од најпознатиот бренд за производство на медицинска опрема SIEMENS HEALTHINEERS. Се трудиме сите наши корисници да бидат задоволни од нашите услуги.
Професионално, стручно, брзо, одговорно.
Тоа сме ние, ЕКСПЕКТА МЕДИКАЛ дооел.
Досегашни работи
Во нашата галерија ќе можете да видите досегашни работи кои нашиот стручен тим ги има направено за нашите клиенти